ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Поради најавата за прекин на вода во сабота во Скопје*, вклучувајќи го и Карпош, за жал мора да ја презакажеме работилницата за 1 февруари 2025г во истото време.
Ве молиме да потврдите присуство за новиот датум на испратената порака на email.
—
Како продолжение на претходната online работилница за креирање компоненти што се одржа во мај, научете како со користење на променливи и „модови“ во Figma да постигнете визуелна конзистентност, лесно променливи теми и дизајн систем што се прилагодува на различни уреди.
Темата подразбира дека имате основни познавања на Figma и што се дизајн системи.
На ваше барање овој пат ја организираме во живо со практични вежби, ќе се одржи во Base42 на 21 декември од 10 часот во времетраење од 4 часа. Потребен е лаптоп и креирана сметка на Figma однапред.
Работилницата е целосно бесплатна и ќе биде ограничена на 30 присутни.
Регистрацијата се пополни во рекордно време, но доколку сакаш да бидеш на листата на чекање во случај некој да откаже, пиши ни порака на hello[at]uxplore.mk (прв пријавен, прв услужен).
Се гледаме на 21-ви!