Со 12+ години искуство во областа на UX дизајн, Јане има улога на лидер, ментор, консултант и говорник.
Од 2016 година работи во HASELT, денес на позиција Design Lead. Со колаборативен начин на соработка, неговата визија се дигитални решенија што оставаат импакт.
До 2022 година е инструктор и ментор во Seavus Education and Development Center, каде во период од 8 години им помага студентите да изградат успешни кариери. Истовремено, добива и улога на консултант на нови startup компании и организации кои се дел од Seavus Accelerator програмата.
Како говорник, ментор и жири комисија учествува на повеќе јавни настани меѓу кои Скопје Креатива, Global Game Jam, Nasa SpaceApps Challenge и како гостин предавач на Факултет за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ).
Професионалец чие портфолио вклучува проекти за интернационални и домашни компании како и општествено-одговорни проекти.