Јане работи како UX/UI дизајнер повеќе од петнаесет години. Вработен е во Endava каде што во последниве пет години води тим од шест дизајнери и е фокусиран на дизајн и истражување на корисничко искуство. Работел на проекти за клиенти од повеќе индустрии: медицина, финансии, логистика, осигурување, e-комерција и видео игри.
Како искусен UX дизајнер, се приклучува на Академијата за UX во Brainster, каде четири години го пренесува своето знаење на идните дизајнери како предавач и ментор. Смета дека професионалните предизвици претставуваат можности за развој и за напредок и затоа им приоѓа со ентузијазам и наоѓа задоволство во решавањето на комплексни проблеми.