Михаела Водеб е продукт дизајнерка со повеќегодишно искуство во дизајн на веб апликации, дизајн системи и UX истражување.
По завршувањето на студиите по информатика и компјутерско инженерство при ФЕИТ, кариерата ја започнува како Систем администратор, меѓутоа нејзината страст кон дизајн и технологија ја поттикнува да премине во светот на UI/UX дизајн.
Од таму се вработува во H4, каде ги води сите проекти од дизајн аспект поврзани со текстуалниот уредувач, кој е дел од дигиталната платформа наменета за соработка и анализа на документи за американскиот и европски правен и финансиски сектор.
Пред две години, Михаела преминува на работа на продукт за монетизација на видео содржина во InPlayer, сега JW Player, каде води повеќе проекти од аспект на UX истражувања и подготовка на дизајни и прототипи. Исто така, и во InPlayer и во JW Player, е водечки дизајнер на два обемни и комплексни дизајн системи, употребувајќи дизајн променливи (токени) и следејќи WCAG правила и препораки за пристапност.
Кога не дизајнира, најчесто можете да ја најдете на прошетка со нејзиното куче Моли.