Катерина Шалевска 5 години го собира своето работно искуство во Нетцетера како веб дизајнер, каде започна да работи како практикант. Работи во областа на веб дизајн, притоа фокусирајќи се на корисничкото искуство и развивање на дизајн системи.
Во склоп на нејзината работа таа беше ментор на неколку практиканти со кои заедно работеа на развивање на дизајн систем за подобрување на корисничкото и инженерското искуство на обемен проект од областа на здравството.
Своите студии ги има завршено на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со тоа стана алумни член на студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје, каде што за време на студиите таа беше Претседател и Координатор за човечки ресурси. Своето знаење го споделува со студентите, одржувајќи предавање и работилница на Дигит и ЕЕСТЕК Академија.