Во среда на 29.09.2025 во 18 часот во Netaville се одржа почетокот на нова сезона на средби – овој пат како дел од официјалната мрежа на Friends of Figma! Ви благодариме на сите на активното присуство, се разврзаа одлични дискусии :) Бојан ни презентираше негов пообемен проект граден за повеќе платформи – таков каде корисничкото искуство и емпатијата неизбежно се во фокус при дизајнирањето. Ни го претстави Harmoni како негов личен дизајн проект што преку вебсајт, мобилна апликација и дашборд ги поврзува психотерапевтите со корисници, овозможувајќи лесен пристап до ментална поддршка.
Поттикната од сопствената фрустрација како корисник, Александра ни покажа како да направиме евристичка проценка (heuristic evaluation) на конкретен пример – мобилна апликација. Зборуваме и за персони, корисничка мотивација и разбирање на потребите на корисниците, пред да преминеме на дизајнот и корисничкото патување низ продуктот што го разгледавме. На крај, се обидовме набрзина да ја редизајнираме суштината на апликацијата во Figma Make.
Модератор & Design Director, JWP Connatix
https://www.youtube.com/watch?v=9AWf_WkjtOghttps://youtu.be/V7sLrOohbkI