Лилјана е продукт менаџер со 7+ години искуство во развој на комплексни софтверски продукти. Таа има дипломирано на ФИНКИ во областа на компјутерски науки, а нејзините магистерски студии на Утрехт Универзитет се за бизнис информатика, со фокус на дигитална трансформација и агилни методологии. Ова ѝ овозможува да ги поврзе техничката комплексност, бизнис целите и корисничкото искуство.
Кариерата ја започнува како бизнис аналитичар каде работела на системи за јавен сектор во строго регулирана средина. Тука стекнува силна основа во анализа, собирање и структуирање на кориснички барања. Потоа ја започнува нејзината позиција како продукт менаџер во JWX. Во оваа улога и денес работи на продукти за директен пренос на видео во домените на API интеграции, заштита на содржина (content protection) и контрола на пристап (access control).
Во својата работа активно соработува со продукт дизајнери, инженери, account тимови и клиенти. Заедно со нив води иницијативи почнувајќи од истражување и дефинирање на проблеми, до испорака на кориснички решенија.
