Искрено ви благодариме на сите што учествувавте на второто издание на UXplore. Вашето присуство, ангажман и ентузијазам беа клучни за успехот на овогодинешната конференција.
Позитивните реакции кои ги добивме ни потврдија дека интересот за UX/UI дизајн во Македонија постојано расте. Ни претставува особено задоволство што гледаме како заедницата се расте и ги обединува сите кои работат или учат на ова поле – од искусни професионалци кои оставаат свој белег во светски успешни компании, до студенти кои штотуку почнуваат и се желни за надоградување на своето знаење.
Разновидните теми од конференцијата уште еднаш покажаа дека дизајнот на кориснички искуства опфаќа широк спектар на теми за кои вреди да се разговара. Од дизајн системи, до истражување и инклузивни практики — презентациите поттикнаа вредни дискусии и инспирација.
Особена благодарност до сите говорници што ги споделија своите знаења и лични приказни со нас. Уште еднаш, благодариме на сите партнери кои нѐ поддржаа и вам што бевте дел од UXplore 2025.
Продолжете да нѐ следите на веб и социјалните медиуми — следуваат нови, возбудливи моменти!
.