Твоето искуство во истражување, најдобри практики или едноставно секојдневната работа во полето на корисничкото искуство и корисничките интерфејси, претвори го во презентација и пријави се на следната конференција UXplore која ќе се одржи на 4 април 2026 година!
Очекуваме презентации кои ќе ја поттикнат иновативноста, ќе охрабрат дискусија и ќе помогнат со нови решенија за нашите секојдневни предизвици во работата.
Темите може да опфатат од „што научив кога прв пат работев тестирање на корисници“ до панел дискусии на жешки теми како „дали AI ќе ни ја земе работата и еве зошто не“ 🙂
Секогаш се добредојдени лични искуства на следните теми:
Отворени сме за кои било други теми или студија на случај (case study) кои мислите дека би биле интересни за пошироката заедница на UX истражувачи, дизајнери и инженери.
Отворениот повик ќе трае до 10.02.2026г. (вторник) на полноќ.
Доколку темата е избрана, изборната комисија ќе ве контактира најдоцна до 01.03.2026г за да ги дефинираме деталите.
Финалните презентации ќе треба да се доставени најдоцна до 15.03.2026г.
Доколку имате дополнителни прашања или сакате да ни испратите CV или портфолио во PDF формат, слободно може да ни испратите порака на conference[мајмунче]uxplore.mk