Целта на оваа презентација е да го продлабочи разбирањето на дизајн системите од инженерска перспектива. Дизајн системот е како жив организам – сите фази од визија до имплементација се динамични, па така и неговиот развој и одржување се константни. Преку примерот на дизајн системот на една од најголемите платформи за е-трговија во Германија, ќе се запознаеме со принципите, предизвиците и поуките при неговото развивање, кои би биле корисни како за дизајнерите, така и за софтвер инженерите.
Како мала промена во процесот на компанијата придонесе кон голем ефект при синхронизиравње на одделите за UX и DEV во совршен ритам. Помалку хаос, повеќе акција. Целта беше јасна – помалку бесцелни состаноци, повеќе продуктивност. Со цврсто поставени основи, до беспрекорна усогласеност на дизајн и код. 70% поголема ефикасност и, најважно од сѐ – прецизна антиципација. 🚀
Во ерата на вештачката интелигенција, истражувањето и откривањето на вистинските проблеми во развојот на продукти стануваат сè покомплексни. Од една страна, имаме пристап до огромни количини на податоци и AI алатки што ни овозможуваат брзо и лесно да ги обработиме и анализираме. Но, дали повеќе податоци секогаш значат подобри заклучоци? Дали сме сигурни дека употребата на сè повеќе AI алатки ни носи подобри решенија?
Технологијата напредува, но едно нешто останува непроменето – за да биде успешен, секој продукт бара длабоко разбирање на корисничките потреби, експериментирање и итеративно тестирање.
Прашањето е: дали AI навистина ни помага да дојдеме до вистинските одговори или само ја забрзува површинската анализа, оставајќи нè без суштинско разбирање?
Отклучи го потенцијалот на твоите податоци и научи како да го одбереш вистинскиот графикон за да ја раскажеш својата приказна – без разлика дали споредуваш, следиш трендови или прикажуваш пропорции. Со внимателен дизајн, направи ги визуелизациите разбирливи за сите и создади графикони што се подеднакво убави и корисни.
Оваа фаза во дизајн процесот е најважна за да се здобиеме со детално разбирање на проблемите кои клиентите и корисниците ги имаат што ќе ни помогне да испорачаме иновативни и креативни решенија со кои ќе ги надминеме очекувањата на клиентите и едноставно, интересно и забавно искуство кај корисниците.
Вештачката интелигенција (AI) треба, или можеби мора, да се вклучи во овој дел на процесот за да се забрза и подобри истражувањето посебно во делот на дефинирање на проблемите и потешкотиите во проекти од најразличен тип и комплексност, од стартапи на кои им треба помош во изработка на MVP, па се до комплексни бизнис софтвери кои треба да се преработат или редизајнираат за да подобро се позиционираат на пазарот.
Сакам да го споделам моето искуство од една „discovery“ работилница за стартап и друг проект со комплексна бизнис апликација преку кои ќе можам да покажам како дизајнерите можат да помогнат со иновативни и креативни идеи за успешни резултати.