Во оваа презентација ќе се зборува за значењето на веб пристапноста (web accessibility) и како да се изврши ревизија на веќе изградена веб-апликација. Првиот дел ќе започне со кратко потсетување за основите на веб пристапноста, зошто е важна и како WCAG стандардите помагаат во градењето инклузивни дигитални искуства.
Потоа, ќе се премине на процесот на извршување внатрешна ревизија, разгледувајќи чекор по чекор како да се анализира веб-апликација, кои алатки и методи да се користат и како да се идентификуваат најчестите проблеми.
Во вториот дел од презентацијата, ќе се спроведе практична демонстрација, каде што во живо ќе се документираат грешки според WCAG стандардите, но и се дадат препораки за подобрување.
Оваа сесија е наменета за дизајнери, инженери, и QA тестери кои сакаат да ја подобрат пристапноста на своите апликации и да осигураат усогласеност според WCAG.