Ретко размислуваме за следниот чекор во нашата кариера, обично предоцна. Кога веќе не сме среќни со позицијата, кога сме преработени, или пак невработени. Тогаш притисокот не ни дозволува да ја најдеме правата позиција.
Пред 3 месеци, испратив 60-тина апликации и успешно ја затворив потрагата, наоѓајќи ја идеалната работна позиција за мене. Го документирав целиот процес и преку бројките разбрав што точно функционира, а што не. Kаде се кријат добрите огласи, колку апликации реално треба да испратиш, како да ги преминеш географските ограничувања кога сите огласи се “Remote: US,” и што навистина им привлекува внимание на регрутерите.
Но покрај советите за активна потрага, сакам да го отворам прашањето “what’s the next big thing?” во сечија кариера, и како истото се припрема континуирано и напоредно со самата работата. Односно, да размислиме за следниот кариерен чекор уште додека сме среќни со сегашниот.
Сакам на слушателите кои бараат работа да предадам конкретни алатки, податоци и јасна слика за пазарот на трудот денес. А за останатите, да инспирирам имагинација за големите работи што следуваат.