Во ерата на вештачката интелигенција, истражувањето и откривањето на вистинските проблеми во развојот на продукти стануваат сè покомплексни. Од една страна, имаме пристап до огромни количини на податоци и AI алатки што ни овозможуваат брзо и лесно да ги обработиме и анализираме. Но, дали повеќе податоци секогаш значат подобри заклучоци? Дали сме сигурни дека употребата на сè повеќе AI алатки ни носи подобри решенија?
Технологијата напредува, но едно нешто останува непроменето – за да биде успешен, секој продукт бара длабоко разбирање на корисничките потреби, експериментирање и итеративно тестирање.
Прашањето е: дали AI навистина ни помага да дојдеме до вистинските одговори или само ја забрзува површинската анализа, оставајќи нè без суштинско разбирање?