Во стартап средина, често нема дизајн тим, нема совршен процес и нема луксуз за долги фази. Постојат рокови, притисок и потреба за брзи, но одговорни одлуки.
Во оваа презентација ќе го прикажам развојот на еден комплексен продукт, каде што еден продукт дизајнер го води целиот процес од дефинирање user flows и информациска архитектура, до wireframes, mockups и паралелна соработка со програмерите. Ќе зборувам за тоа како се носат одлуки под притисок, како се задржува структура во хаос и како современите AI алатки можат да се искористат за побрзи итерации, визуелизација на идеи и поефикасна комуникација со клиентот и тимот.