Aleksandra е UI/UX designer со мултидисциплинарна позадина. Завршува магистерски студии на Правниот факултет во Скопје. По неколку години студии и работа во областа на правото, привлечена од страста кон уметноста, дизајнот и технологијата, одлучува да го промени правецот на својата кариера и да се посвети на дизајн. Завршува Академија за веб дизајн а моментално е на последна година студии на Факултетот за информатика при Меѓународниот Славјански Универзитет.
Вложува многу труд и напор во ова „патување“ и денес веќе има повеќегодишно искуство од областа на UX/UI design. Својата кариера како UI/UX дизајнер ја започнува со работа во интернационални компании од Австрија, Чешка и Америка работејќи на дизајн на продукти и апликации од областа на медицина, e-комерција, бизнис, маркетинг и едукација. Во моментов е дел од тим на UX/UI дизајнери во Deloitte каде работи на меѓународни проекти, за територијата на Северна и Јужна Европа.
Кога не дизајнира, слободното време го поминува во учење на странски јазици, цртање, планинарење и возење велосипед. Истовремено е член во различни здруженија во рамките на компанијата во која работи како и надвор од неа.