Ана е сениор фронтенд инженер со силен фокус во UX/UI и повеќе од една деценија искуство во развој на веб апликации.
Работи со современи веб технологии како Web components, Angular, TypeScript, D3.js и GraphQL, со посебен акцент на изградба на модуларни UI компоненти. Мотивацијата ѝ е создавање интерфејси што ја спојуваат естетиката со функционалноста, каде што технологијата е во служба на јасноста и употребливоста.
Специјализирана е за data-driven продукти, како и UI библиотеки и визуелизација на податоци, претворајќи комплексни информации во разбирливи искуства. Има богато искуство во тесна соработка со дизајнери, продукт-тимови и инженери, како и во менторирање, поттикнување и унапредување на експертизата
на тимовите во кои работи.
Работела на меѓународни проекти за компании како trivago, Peerdom и Netcetera и во мултикултурни средини во Македонија, Германија и Швајцарија.
Членка на Хаклаб КИКА и Слободен Софтвер Македонија.
Моментално активна како фриленс фронтенд инженер за BKW.
