Ангела Апостолска e студент на трета година на ФИНКИ, каде што се труди да најде начини како да ја спои својата желба за креативност и ИТ областа. Пред некое време го открива дизајнот на кориснички искуства и брзо сфаќа дека ова е полето каде што најмногу може да се изрази.
Денес работи како UX дизајнер за македонски стартап, а во исто време е UX практикант во Нетцетера -две искуства што ја мотивираат секојдневно да учи, да расте и да создава решенија кои навистина го ставаат корисникот во центарот.
