Димитар е продукт дизајнер со повеќегодишно искуство во градење дигитални продукти за клиенти од различни индустрии. Фокусиран е комплексните проблеми на клиентите да ги претвори во едноставни и интуитивни апликации што ќе донесат мерливи бизнис резултати.
Секогаш се труди да постави процес каде што целиот тим ќе соработува за да ги оствари заедничките цели и секој ќе има простор да ги сподели своите идеи. Дизајнот за него не е финален фајл во Фигма, туку процес што продолжува со испорака, тестирање и подобрување во итерации.
Верува дека знаењето има најголема вредност кога се споделува и му е особено драго кога неговото искуство ќе инспирира некого да започне кариера во оваа област.
