Филип ја започнува својата дизајн кариера во Скопје како веб и графички дизајнер во Nextsense. Tаму, покрај веб сајтови за некои од најголемите македонски брендови, дизајнира и бренд идентитети, реклами и печатени корпоративни материјали.
По неколку години поминати како freelancer, станува дел од тимот на стартапот The New Motion (моментално Shell Recharge по преземањето од Shell) во Амстердам.
Последните искуства ги има во големи мултинационални компании – ING и Booking.com. Во двете ја има улогата на Lead Designer задолжен за дефинирање на дизајн стратегија, водење на стратешки проекти, менторирање и е инволвиран во огранизација на дизајн департманот.
По ~15 години искуство / кариера во дизајн, сеуште наоѓа најголема сатисфакција во самото дизајнирање, па паралелно продолжува да работи на фриленс и персонални проекти.