Христијан е софтвер инженер кој моментално живее и работи во Берлин.
Своето формално образование го завршува на Факултетот за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура на Универзитетот во Марибор, Словенија како магистер инженер архитект. По неколкугодишна работа во полето на архитектурата, го насочува фокусот на неговата работа од физичкиот во дигиталниот свет.
Во 2019 година се вработува во Netcetera како UX инженер. Во текот на наредните четири години фокусот на неговата работа се движи од UX дизајн и UI development до front-end development. Благодарение на ваквата интердисциплинарна ролја, се стекнува со знаење и интерес за сите фази од развојот на едно софтверско решение, особено веб апликации. Од 2023 година работи како софтвер инженер при MediaMarktSaturn Technology во Германија.