Кристина е дипломиран инжинер на софтвер, која ја започнала својата кариера како веб и маркетинг дизајнер но со текот на времето посебно се посветила и усовршува за UX и UI дизајн. Со повеќе од 10 години работно искуство во различни компании и индустрии како што се е-комерција, маркетинг, е-учење и онлајн стриминг, Кристина во својата работна кариера оставила голем придонес на повеќе големи и претежно интернационални продукти. Моментално работи како сениор продукт дизајнер во JW Player.
Во слободното време, Кристина се посветува на дизајнирање на облека, посебно впечатливи и елегантни фустани. Освен тоа, многу обожува да патува, честопати истражувајќи нови патишта и дестинации.
Сака да придонесе кон својата заедница и да создаде позитивна промена околу себе.