Мартина е Продукт дизајнер со искуство во UX истражувања, дизајн на интерфејси и развивање на дизајн системи.
Користејќи го своето знаење стекнато на ФИНКИ, ја започнува својата кариера како Систем администратор. По две години се пренасочува во светот на дизајнот и се вработува во InPlayer (сега JW Player) како веб дизајнер со што придонесува во мисијата на компанијата за брза и едноставна монетизација на видео содржина.
Мартина станува дел од новоформираниот дизајн тим каде ја продолжува својата кариера како Продукт дизајнер, активно учествувајќи во UX истражувања, кориснички интервјуа, градење дизајни и прототипи. Исто така, од огромно значење е и нејзиниот придонес кон развивањето на комплексен дизајн систем.