Милка Јанакиевска е продукт дизајнер со повеќегодишно искуство во дизајн на интерфејси, развој на дизајн системи и истражување.
По завршувањето на студиите на Машинскиот факултет како Индустриски дизајнер, својата кариера ја започнува како веб и графички дизајнер и се надоградува во полето како продукт дизајнер. По неколку годишно искуство како UX/UI дизајнер во New Moment, продолжува со работа во InPlayer и JW Player како сениор продукт дизајнер во тимот на Reporting & Analytics, задолжена за визуелизации на податоци, интеракции и истражувања во областа. Во моментов работи како сениор UX/UI дизајнер во iBorn.
Своето знаење несебично го споделува на своите студенти на Qinshift (Seavus) академијата.