Олгица е Principal Product Owner со повеќе од 9 години искуство во развој на софтвер и продуктен менаџмент. Таа е ко-основачка и претседателка на ProdACT, непрофитна организација посветена на поддршка и развој на продуктни професионалци. Дополнително, како инструкторка и менторка на „Академијата за проектен и продуктен менаџмент“ во Brainster, активно го пренесува своето знаење и искуство на идните лидери во индустријата.
Со страст за градење продукти што прават разлика, Олгица комбинира емпатија, стратегија и креативност за да испорача решенија со вистински импакт. Како сертифициран Agile професионалец и „Design Thinking Practitioner“, таа им помага на тимовите да ја поврзат иновацијата со реалните бизнис и кориснички потреби. Нејзиното долгогодишно искуство во агилни трансформации, корисничко-центрирани иновации и менторство ѝ овозможува да создава средини каде што тимовите соработуваат, експериментираат и испорачуваат вистинска вредност.