Сања е лидер во областа на продукт и дизајн која живее во, и работи на далечина, од Скопје. Дипломирала во областа на компјутерски науки на универзитетот Шефилд и магистрирала меѓународен менаџмент од универзитетот за применети науки SRH во Берлин.
Има повеќе од 15 години искуство во продуктен дизајн и менаџмент, работејќи во повеќе компании со брз раст (startups, scaleups, unicorns) кои се ориентирани на бизнис-кон-бизнис начин на работа (B2B).
Во моментот работи како основачки член на производниот тим во Attio, каде што води развој на нови продукти, продукти со вештачка интелигенција, корисничкото искуство на основната (core) платоформа и подготовка за поголеми клиенти. Attio има добиено инвестиции од над 60 милиони американски долари за да ја изгради следната генерација на системи за управување на односи со клиенти (CRM).
Покрај нејзината улога во Attio, Сања советува компании и менторира професионалци на почетокот на кариерата во областа на продукти и дизајн.