Сара Симоновска е експерт со 10-годишно искуство во UX истражување низ различни индустрии, вклучувајќи авиопроизводство, финансии и развој на софтвер. Студирала меѓународен бизнис во Македонија, а магистрирала во Тулуз, Франција, сосема пренасочувајќи се кариерно и работејќи како стратешки истражувач во повеќе компании меѓу кои и Airbus.
Денес, таа живее во Цирих и работи како консултант за Google, помагајќи им на тимовите да ги претворат корисничките согледувања во стратешка предност во рамките на YouTube.
