• Почетна
  • Настани од заедницата
  • Распоред
  • Почетна
  • Настани од заедницата
Фотографии
  • Почетна
  • Настани од заедницата
Фотографии

Конференција

за UX дизајн

UXplore е полудневна конференција за дизајнери, истражувачи и инженери во областа на корисничкото искуство.

Се одржа на 16 Декември 2023г, 10ч @ Netaville & Online

Види ги снимките од презентациите

Настан организиран од искусни ентузијасти

за заедницата

Присутни
0
Говорници
0
Презентации
0
Содржина
0 h

Netaville e простор за ИТ настани, простор за заедничко работење и кафетерија. Благодарност до Netaville и Netcetera за поддршката на првиот настан!

📍Мапа до Netaville

Говорници

Поканивме говорници кои работеле во меѓународни ИТ компании, во агенции и како фриленсери, во големи и мали тимови, да ги споделат нивните практични совети кои ги научиле низ сопственото искуство.

Викторија Бачварова

Модератор & Principal UX Architect, Netcetera

Александра Христов

Модератор & Design Director, JWP Connatix

Мартина Панчовска

Product Designer, JW Player

Гоце Митевски

Chief Design Officer, Keitaro

Јане Димески

Design Lead, HASELT

Катерина Димитриоска Станковска

Senior UX Designer AR, Augment IT

Јане Наумоски

UX Lead, Endava

Михаела Водеб

Staff Product Designer, JWP Connatix

Катерина Шалевска

Senior UX Engineer, Netcetera

Нина Геометриева

Product Designer, Generative AI @ Meta

Александра Јакшовска

UI/UX Designer, Deloitte

10ч, 16 декември 2023г.

Netaville & Online

Запознај се и дружи се со луѓе кои работат на дигитални производи и услуги, слушај презентации, приклучи се на панел дискусиите и споделувај знаење со македонската UX заедница.

Распоред

*Некои од презентациите ќе подразбираат дека публиката е со претходни предзнаења или искуство во областа на дизајн на корисничко искуство и методологии.

  • Сите презентации
  • ⚡️ Блиц презентации
  • A11y
  • AI
  • Дизајн Опс
  • Дизајн системи
  • Инженерство
  • Истражување
  • Кариерен развој
  • Кориснички интерфејси
  • Процеси
  • Соработка
Детали +
  • Aгенда 2023


  • Агенда 2025


  • 10:00 - 10:30
    Пристигнување

  • Викторија Бачварова
    10:30 - 10:45
    Отворање на настанот
    Презентира Викторија Бачварова Модератор & Principal UX Architect, Netcetera

  • Александра Христов
    10:45 - 11:15
    Практични совети за водење дизајн тимови
    Презентира Александра Христов Модератор & Design Director, JWP Connatix

    Многу од нас биле „фрлени“ во менаџерска улога и не сме знаеле од каде да почнеме. Спакувано во новата кованица „Design Ops“, ќе зборуваме за тоа што значи да се организира и води еден тим од дизајнери. Како да ги придобиете останатите учесници во процесите, кои се најчестите пречки и како да (се обидете да) ги надминете при секојдневната работа.
    Дизајн Опс
    Каде
    Амфитеатар

  • Мартина Панчовска
    11:15 - 11:30
    ⚡️ Ментор, не само Сениор
    Презентира Мартина Панчовска Product Designer, JW Player

    Практични совети како да помогнете на дизајнери со помало искуство од вас во нивното надградување и брзо усовршување во областа во која сте експерт.
    ⚡️ Блиц презентации
    Дизајн Опс

  • Гоце Митевски
    11:30 - 11:45
    ⚡️ Системска архитектура водена од корисничко искуство
    Презентира Гоце Митевски Chief Design Officer, Keitaro

    Замислете си дека работите на голем проект со дисперзиран тим. Дали корисничкото искуство мора да биде последица на однапред донесени инженерски одлуки? Што ако системите ги дизајнираме според корисничкото искуство што сакаме да го пренесат?
    ⚡️ Блиц презентации
    Инженерство
    Истражување

  • 11:45 - 12:15
    Q&A (10') и Пауза (20')

  • Јане Димески
    12:15 - 12:45
    Соло UX: Кога еден дизајнира за многумина
    Презентира Јане Димески Design Lead, HASELT

    Да се работи како соло UX дизајнер во рамки на организација е предизвик и триумф само по себе. Во оваа сесија ќе разговараме за дел од стратегиите за справување/преживување на дневниот workload, како и, како да го зголемите вашето влијание во организацијата и да иницирате значајни промени во организациската структура. Како градењето врски, ефикасна комуникација и примена на докажани UX методи водат кон подобра cross-functional колаборација.
    Истражување
    Процеси

  • Катерина Димитриоска Станковска
    12:45 - 13:00
    ⚡️ Очите како медиум за интеракција при дизајн на апликации
    Презентира Катерина Димитриоска Станковска Senior UX Designer AR, Augment IT

    Оваа презентација има за цел да го открие потенцијалот во користењето на погледот на очите како примарен начин на интеракција со дигитални производи. Фокусирајќи се на можноста за зголемување на пристапноста за лицата со парализа и оние кои не можат да ги користат традиционалните методи на интеракција. Ќе дискутираме за предизвиците и можностите поврзани со користењето на оваа технологија и како прифаќањето на овој начин на интеракција може да го отвори патот за поинклузивен дигитален пејзаж, осигурувајќи дека секој, без оглед на физичките способности, може да се вклучи и да има корист од технологијата.
    ⚡️ Блиц презентации
    A11y
    Истражување
    Кориснички интерфејси

  • Јане Наумоски
    13:00 - 13:15
    ⚡️ User interviews are the SH*T
    Презентира Јане Наумоски UX Lead, Endava

    Ќе зборуваме сѐ околу кориснички интервјуа (user Interviews): што се, кога и како се спроведуваат и на крај ќе видиме зошто, според Јане, се најдобрата алатка во нашиот истражувачки арсенал.
    ⚡️ Блиц презентации
    Истражување

  • 13:15 - 13:45
    Q&A (10′) и Пауза (20′)

  • Михаела Водеб
    13:45 - 14:15
    Пристапност и конзистентност на продукти преку внимателно изградени дизајн системи
    Презентира Михаела Водеб Staff Product Designer, JWP Connatix

    Реален пример за целосниот процес на преработка на постоечки дизајн систем на обемен продукт, со цел стандардизирање и подобрување на пристапноста на корисничкото искуство, притоа воведувајќи што е можно помалку визуелни промени за корисникот. Во оваа презентација ќе ги погледнеме сите етапи на креирање или подобрување на еден дизајн систем, најважни WCAG упатства, корисни совети околу градење на компоненти, како и користење на Figma варијабли како “single source of truth” на дизајн одлуки преведени во код и нивна целосна контрола преку Figma.
    A11y
    Дизајн системи
    Инженерство
    Кориснички интерфејси

  • Катерина Шалевска
    14:15 - 14:30
    ⚡️ Веб пристапност: неопходно за некои, корисно за сите
    Презентира Катерина Шалевска Senior UX Engineer, Netcetera

    Автоматизираните алатки за пристапност ни помагаат, но не ги откриваат сите детали од различни аспекти. Во оваа презентација ќе разгледаме некои од алатките за автоматско тестирање и како можеме да тестираме со програма за гласовно читање на екран. Ќе разгледаме кои препораки се битни да се вклучат уште во најраната фаза при имплементација, за да добиеме продукт кој достигнува најмалку АА стандард.
    A11y
    Инженерство
    Кориснички интерфејси

  • Нина Геометриева
    14:30 - 15:00
    Oд реактивен до проактивен дизајн
    Презентира Нина Геометриева Product Designer, Generative AI @ Meta

    Наместо само да следиш упатства, почни да водиш преку моќта на прототипирање и структурирани презентации. Практични совети за стекнување почит и влијание со цел да станеш водечкиот глас во твојата организација.
    Кориснички интерфејси
    Процеси

  • Александра Јакшовска
    15:00 - 15:15
    ⚡️ (online) Cross-border UX – Многу повеќе од „обичен“ UX дизајн
    Презентира Александра Јакшовска UI/UX Designer, Deloitte

    Во ерата на глобалниот пазар, "Cross-border UX" често се користи како термин, што го става предизвикот како да дизајнираме за интернационални корисници и како да ја освоиме меѓународната публика. "Cross-border UX" е многу повеќе од просто преведување на друг јазик или ажурирање на UI компоненти. "Cross-border UX", или локализација на UX дизајнот, вклучува прилагодување на интернационални продукти за специфичен регион со цел да се креира релевантно и соодветно корисничко искуство. Станува збор за дизајнирање на мултикултурни продукти, притоа земајќи го во предвид меѓународниот аспект на UX од самото почеток на процесот на развој на продуктот. Она што им помага на најпопуларните апликации во светот како Facebook или Airbnb да останат популарни и профитабилни е што им обезбедуваат на корисниците чувство на удобност, познатост и лесно користење од било кој агол на светот. За тоа како да го постигнеме ова при изработка на слични апликации и веб страни, Александра ќе го сподели своето повеќегодишно искуство со cross-border UX design и ќе не запознае со најдобрите практики за локализација на UX дизајнот.
    ⚡️ Блиц презентации
    Истражување
    Процеси

  • 15:15 - 15:30
    Q&A (10′) и затворање

  • Александра Христов
    09:30
    Отворање на настанот
    Презентира Александра Христов Модератор & Design Director, JWP Connatix

  • Ристе Лазороски
    09:50
    Дизајн како бизнис стратегија
    Презентира Ристе Лазороски Senior UX/UI Designer, Ubiquiti Inc.

    Дизајнот повеќе не е само визуелен елемент – тој е клучен двигател на бизнис успехот. Компаниите што го интегрираат дизајнот во својата стратегија не само што создаваат подобро корисничко искуство, туку и поттикнуваат раст и градат долгорочна конкурентска предност. Ова предавање преку неколку ќе ви покаже како да го усогласите дизајнот со бизнис целите, да ја измерите неговата вредност и да изградите култура во која дизајнот води, а не само следи.
    Дизајн Опс
    Процеси
    Соработка

  • Кристина Ивановска
    10:30
    ⚡️Ефективен тим во пет чекори
    Презентира Кристина Ивановска Senior Product Designer, JWP Connatix; NN/g UXC

    Ефективната соработка во тимовите е клучна за успехот на секоја организација. Ова кратко излагање ќе понуди практични насоки за подобрување на соработката и продуктивноста. Ќе разгледаме како отворената комуникација, јасно дефинираните улоги, довербата, заедничките цели и континуираниот развој придонесуваат кон подобро функционирање во секој тим.
    ⚡️ Блиц презентации
    Дизајн Опс
    Процеси
    Соработка

  • Ребека Попова
    10:50
    ⚡️Од добар до одличен UI: 10 работи што треба да ги знаеш за мобилните апликации
    Презентира Ребека Попова Senior Product Designer, Inkitt

  • 11:10
    Пауза (20')

  • Елена Апостолоска
    11:30
    Веб пристапност и ревизија на веќе изградена апликација
    Презентира Елена Апостолоска Senior UX Designer/Engineer, G+D Netcetera

    Во оваа презентација ќе се зборува за значењето на веб пристапноста (web accessibility) и како да се изврши ревизија на веќе изградена веб-апликација. Првиот дел ќе започне со кратко потсетување за основите на веб пристапноста, зошто е важна и како WCAG стандардите помагаат во градењето инклузивни дигитални искуства.

    Потоа, ќе се премине на процесот на извршување внатрешна ревизија, разгледувајќи чекор по чекор како да се анализира веб-апликација, кои алатки и методи да се користат и како да се идентификуваат најчестите проблеми.

    Во вториот дел од презентацијата, ќе се спроведе практична демонстрација, каде што во живо ќе се документираат грешки според WCAG стандардите, но и се дадат препораки за подобрување.

    Оваа сесија е наменета за дизајнери, инженери, и QA тестери кои сакаат да ја подобрат пристапноста на своите апликации и да осигураат усогласеност според WCAG.
    A11y

  • Христијан Бабука
    12:10
    ⚡️Животот после Figma: Инженерската страна на дизајн системите
    Презентира Христијан Бабука Software Engineer, Mediamarkt.de

    Целта на оваа презентација е да го продлабочи разбирањето на дизајн системите од инженерска перспектива. Дизајн системот е како жив организам - сите фази од визија до имплементација се динамични, па така и неговиот развој и одржување се константни. Преку примерот на дизајн системот на една од најголемите платформи за е-трговија во Германија, ќе се запознаеме со принципите, предизвиците и поуките при неговото развивање, кои би биле корисни како за дизајнерите, така и за софтвер инженерите.
    ⚡️ Блиц презентации
    Дизајн системи
    Инженерство

  • Илија Бојчовиќ
    12:30
    ⚡️ UX со став, DX со прецизност
    Презентира Илија Бојчовиќ Head of UX, Camphouse; NN/g UXC

    Како мала промена во процесот на компанијата придонесе кон голем ефект при синхронизиравње на одделите за UX и DEV во совршен ритам. Помалку хаос, повеќе акција. Целта беше јасна - помалку бесцелни состаноци, повеќе продуктивност. Со цврсто поставени основи, до беспрекорна усогласеност на дизајн и код. 70% поголема ефикасност и, најважно од сѐ – прецизна антиципација. 🚀
    ⚡️ Блиц презентации
    Дизајн системи
    Инженерство
    Соработка

  • 12:50
    Пауза за ручек (1h)

  • Филип Мишевски
    13:50
    1000 зошто, 1000 затоа
    Презентира Филип Мишевски Design Lead, Booking.com

    Дизајнерот е добар колку прашањата кои ги поставува и одговара. Во ова предавање, Филип ќе ги сподели своите перспектива и искуства од долгогодишното трагање по одговори во мали софтер компании, стартапи, како фриленсер и во големи мултинационални компании. Ќе добиете нов поглед на дизајн процесот и нови алатки кои ќе можете да ги користите за да стигнете до подобар квалитет на вашите дизајни и до следниот чекор во вашата кариера.
    Истражување
    Кариерен развој
    Процеси

  • Олгица Стрезоска
    14:30
    ⚡️Дилемата во истражувањето со AI: Точни одговори или само гребнување на површината?
    Презентира Олгица Стрезоска Principal Product Owner, Damilah; Co-Founder & President, ProdACT

    Во ерата на вештачката интелигенција, истражувањето и откривањето на вистинските проблеми во развојот на продукти стануваат сè покомплексни. Од една страна, имаме пристап до огромни количини на податоци и AI алатки што ни овозможуваат брзо и лесно да ги обработиме и анализираме. Но, дали повеќе податоци секогаш значат подобри заклучоци? Дали сме сигурни дека употребата на сè повеќе AI алатки ни носи подобри решенија?

    Технологијата напредува, но едно нешто останува непроменето - за да биде успешен, секој продукт бара длабоко разбирање на корисничките потреби, експериментирање и итеративно тестирање.

    Прашањето е: дали AI навистина ни помага да дојдеме до вистинските одговори или само ја забрзува површинската анализа, оставајќи нè без суштинско разбирање?
    ⚡️ Блиц презентации
    AI
    Истражување
    Процеси

  • Златан Мујчин
    14:50
    ⚡️ Фазата „discovery“ и улогата на вештачката интелигенција во процесот на разбирање на проблемите
    Презентира Златан Мујчин Senior UX Consultant, Instructor and Mentor; Intertec, GO Consultancy, Brainster

    Оваа фаза во дизајн процесот е најважна за да се здобиеме со детално разбирање на проблемите кои клиентите и корисниците ги имаат што ќе ни помогне да испорачаме иновативни и креативни решенија со кои ќе ги надминеме очекувањата на клиентите и едноставно, интересно и забавно искуство кај корисниците.

    Вештачката интелигенција (AI) треба, или можеби мора, да се вклучи во овој дел на процесот за да се забрза и подобри истражувањето посебно во делот на дефинирање на проблемите и потешкотиите во проекти од најразличен тип и комплексност, од стартапи на кои им треба помош во изработка на MVP, па се до комплексни бизнис софтвери кои треба да се преработат или редизајнираат за да подобро се позиционираат на пазарот.

    Сакам да го споделам моето искуство од една „discovery“ работилница за стартап и друг проект со комплексна бизнис апликација преку кои ќе можам да покажам како дизајнерите можат да помогнат со иновативни и креативни идеи за успешни резултати.
    ⚡️ Блиц презентации
    AI
    Истражување

  • 15:10
    Пауза (20')

  • Иван Василов
    15:30
    Корисничкото искуство во фокус на продуктната култура
    Презентира Иван Василов Frontend developer, Supabase (ex Paket.mk)

    Иван ќе ни ја раскаже приказната за Paket.mk и нивната продуктна култура, преку сервисен дизајн кој придонесува кон подобро корисничко искуство.
    Инженерство
    Кориснички интерфејси
    Процеси

  • Милка Јанакиевска
    16:10
    ⚡️Sweet chart O'mine
    Презентира Милка Јанакиевска Senior Product Designer, iBorn & UX/UI Trainer, Qinshift Academy

    Отклучи го потенцијалот на твоите податоци и научи како да го одбереш вистинскиот графикон за да ја раскажеш својата приказна – без разлика дали споредуваш, следиш трендови или прикажуваш пропорции. Со внимателен дизајн, направи ги визуелизациите разбирливи за сите и создади графикони што се подеднакво убави и корисни.
    ⚡️ Блиц презентации
    Кориснички интерфејси

  • Сања Заковска
    16:30
    🎙️ Разговор: Од пиксели до продукт
    Презентира Сања Заковска Product lead, Attio

    Со Сања ќе го започнеме разговорот за развојот на нејзината кариера, напуштање на размислувањето како фриленсер и дел од агенции и будење интерес за работа во компании кои имаат силна дизајн култура. Ќе опфатиме соработка помеѓу продукт и дизајн како улоги и нивното мешање, како и теми околу брза испорака, разликата помеѓу тестирање прототипи и MVP и различни пазари и како да оцениме успешност на продукт. Ќе зборуваме за интересни примери како може да се спроведе истражување и тестирање со корисници, размислување за проблеми пред решенија, градење на решенија наместо "features" и (не)важноста на разбирањето на техничкиот развој и ограничувања.

  • 17:00
    Затворање на настанот


Место за дружење и споделување знаење:

Discord: UX Macedonia

Пријави се за учење напредни техники, подобрување на сопствените UX процеси и за истражување нови хоризонти при дизајнот на корисничкото искуство. 

Дојди на настанот во живо

Полудневната конференција ќе се одржи во периодот од 10 до 15 часот, на 16 декември 2023г. во Netaville.

Местата беа резервирани во рекордно време, ви благодариме! 

Следи ги презентациите online

За сите кои не можат да присуствуваат, ќе биде испратен линк за следење на настанот online со можност за вклучување во дискусиите. Бројот не е ограничен.

Види снимки од презентациите

✨ Организациски тим ✨

Викторија Бачварова
Александра Христов
Михаела Водеб
Данило Секуловиќ
Елена Апостолоска
Емилија Стојменовска
Кристина Ивановска
Кристина Ивановска
Катерина Шалевска
Милка Јанакиевска
Милка Јанакиевска
Стојан Михајловски
Мартина Панчовска
Александар Циндриќ
Христијан Бабука
Христијан Бабука

Сакаш да презентираш следниот пат или  да помогнеш со организација?

Кажи ни „здраво“ на hello[мајмунче]uxplore.mk или во приватна порака на:

Discord Youtube Linkedin Facebook Instagram Twitter
2025 © UXplore.mk